
Дејан Георгиевски се враќа со сребро и со важни бодови од Драч
Тој го освои сребрениот медал во својата категорија до 87 килограми, откако во денешното финале загуби во реприза на Токио, од олимпискиот шампион Владимир Ларин од Русија. Георгиевски одлично ја отвори борбата, со водство од 4-0, но за жал тоа останаа неговите единствени поени до крајот и загуби со 4-22.
Претходно, на патот до финалето Георгиевски ги совлада Ангелопулос од Грцја, Ел Џазиди од Франција и Хели од САД. Сребрениот медал му носи важни 12 бода на табелата во светската ранг-листа, кои се исклучително важни за мисијата на Георгиевски, да избори норма за Олимписките игри во Париз.