За малку бронза од СП: Неделковски заврши петти во кати!

Младиот Александар Неделковски за малку ќе освоеше бронза на Светското првенство за кадети и јуниори во Чиле, па во кати за јуниори го освои петтото место на собирот на најголемиоте карате надежи на светот.

Неделковски за нијанса загуби во битката за бронзата, па мораше да се задоволи со петтото место, кое и вака е одличен резултат за младиот каратист, откако во пресметката со Карим Валед Гали загуби за 1,8 поени. Гали доби оценка 24,88, а Неделковски – 23.08 во изведбата на катата „ганкаку“.

Тој лесно го мина првиот круг, во вториот круг на кати беше втор зад Италијанецот Алесио Џинами, а во третиот круг беше трет заедно со Луис Гарсија од Венецуела, по што следеше битката за петото место во која македонскиот каратист беше подобар за нецел поен во оценките од Гарсија (23,86 наспроти 22,98), ама за малку не стигна до бронзата.

Владанка Аврамова во женска конкуренција во кати кај јуниорите заврши на 31-то место.