По двете злата, Србија го освои првото сребро на Олимписките игри
Таа не успеа да ја продолжи низата и во финалето во категоријата до 67 килограми загуби од Вивијана Мартон од Унгарија со 0-2. Ова е четврти пат по ред Србија да освојува медал во таеквондо на Олимписките игри. Унгарката беше многу подобра во текот на целиот меч, првата рунда ја доби со 7-1, а втората со 4-2, а Перишиќ само еднаш успеа да израмни и тоа на 2-2 во втората рунда.
До крајот на Олимписките игри, Србија има загарантиран медал само уште во ватерполо каде ќе игра во финалето против Хрватска, а може да се закити со одличје и во кошарка имајќи предвид дека репрезентацијата утре од 11 часот се среќаваат со Германија во борбата за бронзата.