Репрезентативец на Србија е суспендиран на пет години, остана без светски и олимписки медали!

Грузискиот борач Зураб Датунашвили кој настапуваше за Србија е суспендиран поради прекршување на допинг правилата.

Според напишаното на сајтот на Светската боречка федерација, Датунашвили уште на 26. ноември е прогласен за виновен поради прекршување на допинг правилата.

Наводно тој на 6. јануари 2022 година влијаел на контролниот примерок на урина и пречел во контролниот процес поради што од Судот за спортска аритража е суспендиран на пет години, а избришани се сите негови резултати од мај 2021 до април 2023 година.

Датунашвили вложил жалба на оваа одлука по што ќе биде познато дали ќе ги задржи медалите или не.

Доколку биде прогласен за виновен, Датунашвили ќе остане без бронза од Олимписките игри во Токио и две светски злата од Осло 2021 година и Белград година подоцна.