Воинот Славески победи со патики со македонски мотиви - Слобода или смрт! (ФОТО)
Покрај триумфот во рингот, Славески привлече внимание и со уникатниот изглед, настапувајќи во специјално дизајнирани боксерски патики изработени од македонски бренд. Дизајнот ги комбинира симболите на македонската историја и традиција преку црвено-црното знаме со ножот, пораката „Слобода или смрт“, како и автентичен македонски народен вез.

Станува збор за рачно изработен модел инспириран од темата „Тивко е на ножот“, создаден во соработка со самиот Славески и реализиран во исклучително краток рок непосредно пред борбата. Овој необичен проект претставува успешен спој на спортот и дизајнот, при што македонската креативност доби можност да биде претставена пред глобалната публика која ги следи настаните во БКФЦ.
