Вајлдер му се закани на Фјури: Кога крвта ќе ти го покрие лицето - ќе те убијам!

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер верува дека Тајсон Фјури е исплашен од нивниот дуел во Лас Вегас.

На 22 февруари Американецот и Британецот ќе го одработат реванш дуелот за титулата во ВБЦ категоријата. Првиот натпревар во декември 2018 година заврши со контроверзно реми, иако Вајлдер двапати го нокаутираше Фјури, но по натпреварот Британецот тврдеше дека победил.

Кога некој ќе ве нокаутира, никогаш не заборавате како се случило тоа. Се чувствувам нервозен, многу нервозен од она што се случи во првата борба. Кога ќе влезете по втор пат во рингот, тоа е многу стресно и не можете да спиете навечер, започна Вајлдер.

Ова беше прво реми за двајцата боксери на една професионална борба.

Тој е загрижен и не верувам дека неговата самодоверба е голема поради состојбата во која го оставив. Му дадов потрес на мозокот и тоа ќе се случи повторно, бидејќи неговата глава не е наменета за силни удари, особено не какви што ги има Дионтеј Вилдер, затоа има многу за што да се размислува, додаде Американецот.

Фјури во последната борба го го совлада Швеѓанецот Ото Валин со едногласна судиска одлука, иако заработи тешка исекотина близу окото.

Фјури вели дека ме победил со голема разлика, но не верува во тоа. Со нетрпение очекувам да го видам тоа око повторно, кое го повреди Валин. Кога ќе се отвори повторно и кога неговата крв ќе го покрие лицето, ќе одам да го убијам. Не се шегувам. Јас не ја довршив започнатата работа, но овој пат ќе го сторам тоа, се закани Вајлдер.