Вајлдер му најде замерки на шампионот: Џошуа премногу го копираше Кличко, така не се доминира

Шампионот во тешка категорија, во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер, не беше воодушевен од победата на Ентони Џошуа над Енди Руиз, со која Британецот ги врати појасите во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, во главната борба која синоќа се одржа во Саудиска Арабија.

Американецот вели дека Џошуа преногу тактизирал, но тоа не изненадува бидејќи за оваа борба беше подготвуван од страна на Владимир Кличко.

Тој го направи она што мораше за да победи. Ја водеше целата борба во рингот. Џошуа го имаше Кличко во кампот за подготовките на борбата, а во рингот беше ист како Кличко. Тоа е сè што направи. Можеби сум премногу жесток за оваа ера, можеби светот сака да види убаво ср*ње, но мојот менталитет е различен од другите боксери. Кога размислувам за шампион, сакам да влезам во рингот и да го распарчам противникот. Јас нема да влезам во рингот и да танцувам со ликот од кого загубив пред половина година. Сакам да му покажам дека сум подобар од него на сосема поинаков начин. Ќе влезам и ќе му покажам на светот дека сум најдобриот и дека никој не е ни блиску до мене, изјави Вајлдер за „Атлетик“.