Уште една трагедија во боксот: Почина Австралиецот Двајт Ричи

Само еден месец откако американскиот боксер Патрик Деј почина по серизно крварење на мозокот, денеска уште една трагична вест го потресе светот на боксот.

Во Австралија за време на спаринг меч, починал Двајт Ричи. Австралиецот, кој имал само 27 години, спарингувал со Мајкл Зерафа, а откако добил силен удар во стомакот, ја прекинал борбата. Заминал во аголот и колабирал. 

Реагирале медицинските служби, но на младиот боксер му немало спас. Засега нема информација од што точно починал Ричи. Тој зад себе остави сопруга и три деца. Во својата професионална кариера во категоријата супер велтер имал скор од 23 победи на 25 натпревари. 

Ричи се подготвувал за борба против Томи Брауни, што требала да се одржи идниот месец.