Тајсон се врати во ринг, па се посрамоти за сите пари! (ВИДЕО)

Поранешниот боксер Мајк Тајсон се врати во рингот и по десет години се соочи со кечерот Крис Џерико, човек кој во 2010 година го изглуми неговиот нокаут, па во рингот продолжи нивната незавршена „пресметка“.

Секако, тепачката во рингот беше дел од сценариото, но сите се шегуваат на сметка на Тајсон поради еден потег пред да се создаде хаосот.

Легендарниот боксер требаше да ја скине маичката, но имаше големи проблеми со тоа. Неколку пати се обиде, па на крајот некако му успеа да се извлече, а фановите веднаш почнаа да го исмејуваат на социјалните мрежи.