Тајсон е во застрашувачки добра форма на 53 години (ВИДЕО)

Мајк Тајсон изминатиов период на социјалните мрежи објавуваше видеа како тренира, па јавноста се понадева дека можеби повторно ќе го видиме во рингот и во поодминати години. 

Вообичаено Тајсон тренираше со маица, а денеска реши да се соблече и да им го покаже извајаното тело на сите. Дефинитивно делува како да има 23 години, а не 53. 

Ако навистина се враќа во рингот, неговите идни противници добро нека размислат дали сакаат борба со поранешниот светски шампион.