
Тајсон доби понуда да биде амбасадор за - канабис!
Тајсон имаше многу контроверзни моменти за време на кариерата, а никогаш не криеше дека ужива во канабис, па сега доби повик да стане амбасадор на државата Малави.
„Малави би сакала во оваа комплексна индустрија да влезе со поддршка и соработка. Поради тоа сакаме да го ангажираме господинот Тајсон како наш амбасадаор за канабис“, напиша министерот на државата, Лобин Лу.
Исто така, Тајсон доби покана да ја посети државата што е можно побрзо и да се договори за соработка.