Славески го претепа Тељо за осма победа во кариерата (ВИДЕО)
Славески доминираше во борбата, неколку пати го испрати канадскиот натпреварувач во нокдаун, но тој некако успеа да ја заврши борбата. Судиите немаа голема дилема и без размислување го прогласија нашиот борец за победник.
Oва е осма победа на Славески во својата деветта борба во кариерата. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување. Последниот триумф го имаше во декември 2025 година.