Половина век од „Златен гонг“ - ќе учествуваат боксери од осум држави

Најпрестижната боксерска манифестација во земјава, „Златен Гонг“ од утре па до сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одбележи својот јубилеј 50 години од првиот турнир на најголемиот боксерски настан, а боксери од осум земји ќе учествуваат годинава.

Низ историјата многу боксери од Македонија ја освојувале оваа престижна манифестација, која дала посебен придонес за развој на македонскиот бокс, а пред се тука се Аце Русевски, Вели Мумин, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски

„Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става 'Златен гонг' на позиција на македонски спортски бренд“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, потенцијрајчи го големиот придонес на манифестацијата во развојот на спортот.

Македонија на овој „златен гонг“ ќе биде претставувана од четворица боксери.