Нгану го истепа Фјури, па си закажа нова борба?

Френсис Нгану го воодушеви цел свет со неговото деби во бокс, откако го истепа Тајсон Фјури, но и покрај тоа со судиска одлука остана без титулата во тешка категорија. Сепак, тоа не го демотивира и затоа си договорил нова битка на 23 декември.

Според шпекулациите, Нгану ќе има „полесна“ борба, односно ќе се бори со Дерек Чисора или некој друг боксер од понизок ранг, но наскоро се очекува официјална потврда за борбата.

Промотерот Еди Хрн му нудел бокс-меч против Ентони Џошуа, но негова цел е таа борба да се одржи во Африка, а не во Ријад.