Фјури замина во пензија: Ова е крајот!

Британскиот боксер и актуелен ВБЦ шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури преку социјалните мрежи соопшти дека официјално ја заврши професионалната кариера, иако претходно имаше шпекулации дека ќе се врати во рингот.

Фјури по последната борба во април против Дилијан Вајт најави крај на кариерата, по што порача дека сака да се бори барем уште еднаш, но Британецот се премисли и се пензионира.

„Голема благодарност до сите кои дадоа придонес во мојата кариера во текот на годините. По долги и тешки разговори конечно решив да си заминам. На мојот 34. Роденден кажувам среќен пат“, напиша Фјури.