Доби дисквалификација па ја удираше камерата и не сакаше да го напушти рингот (ВИДЕО)

Францускиот боксер Мурад Алиев заработи дисквалификација во четвртфиналето во категоријата +91 килограм на Олимписките игри во Токио. 

Победата му беше доделена на Британецот Фрејзер Кларк, бидејќи Французинот два пати го удри противникот со глава. Кларк доби расекотина на аркадата од ударите на Алиев со глава, кој очекувано беше разочаран од конечниот исход на борбата. Францускиот боксер 30 минути седеше во рингот во знак на протест и потоа ја напушти салата, за кратко потоа повторно да се врати на истото место.

„Седнав за да протестирам против неправдата што ми е нанесена“, рече Алиев. „Се подготвував за овие игри цели четири години. Јас сакав само да се борам против неправдата и затоа седнав, не се согласувам со одлуката“, изјави боксерот.