Светскиот рекордер во маратон заврши во самоизолација

Светскиот рекордер и олимписки шампион во маратон, Елиуд Кипчоге (35), веќе три дена е во изолација во кениското село Каптагат, каде е сместен по враќањето од Европа.

Кениските власти воведоа задолжителна 14-дневна карантин за сите лица од ризичните подрачја.

Во оваа изолација, најтешко ми е да тренирам сам затоа што сум поддржувач на тимската работа, истакна Кипчоге, кој води видео-дневник за британската телевизија „Би-Би-Си“.

Инаку, Кипчоге минатата година во Виена стана првиот човек кој успеа да заврши маратонска делница за помалку од два часа (1:59:40), но ова време не беше запишано како светски рекорд.