
Супер најава за Олимписките игри - падна европскиот рекорд на 400 метри
Воодушеви Британецот, Метју Хадсон-Смит кој постави нов европски рекорд на 400 метри откако постигна време од 43,74 секунди. Со тоа, за 33 стотинки го поправи досегашниот континентален рекорд чиј сопственик беше тој, а го постави на 30 мај во Осло.
Светскиот рекорд на оваа делница изнесува 43,03 секунди, а го постави Вејде ван Никерк од Јужна Африка во 2016 година.