
Српската кралица го освои „дијамантот, па наместо да слави ја тешеше повредената ривалка (ВИДЕО)
Тоа се случи пред Африканката да треба да скока последен пат, кога ѝ требаше скок од најмалку 6,78 метри за да дојде до златото, но таа воопшто не го искористи обидот поради повреда што за Србинката значеше нова победа. Србинката во поголемиот дел од натпреварувањето беше на второто место, особено што Бруме уште во третата серија прескокна 6,85 метри, далечина која убавата Ивана ја достигна дури во шестата серија.
Вулета во тие моменти покажа дека има големо срце па наместо да го слави успехот, таа дојде до атлетичарката од Нигерија која беше во солзи од тага и само ја гушна за да ја утеши поради непријатниот проблем.