Скандал ја тресе атлетиката: Вицешампионката од ОИ користела допинг!

Олимписката вицешампионка во маратон, Јанис Кирва е суспендирана на четири години поради користење допинг.

Атлетичарката нема да може да настапи до седми мај 2023 година, кога натпреварувачката ќе наполни 39 години.

Таа ќе го задржи сребрениот медал од натпреварувањето, откако беа поништени сите нејзини резултати во период од први април до седми мај.

Кирва на ОИ во таа дисциплина го освои второто место.