
Поранешен атлетски тренер живее во колиба во шума - без струја и вода! (ВИДЕО)
Бориќ бил главен тренер на Турската главна федерација, а работел и со Етиопската и Азербејџанската федерација, па тренирал преку 300 врвни атлетичари.
Во кариерата освоил повеќе од 100 медали и неколку рекорди, а притоа се занимавал и со електроника, па создал неколку компании, кои ги подарил кога решил пред четири години да се пресели во шума.