Олимпијка брутално убиена во својот дом во Кенија

Кениската атлетичарка, Агнес Тироп е пронајдена мртва во својот дом во градот Итен во африканската земја. 

Според извештаите таа била избодена во пределот на стомакот што јасно укажува дека се работи за убиство. Атлетската федерација на Кенија објави дека полицијата работи на случајот за да се октријат сите детали околу трагичниот настан.

Тироп, која имаше само 25 години, ја претставуваше Кенија на изминатите Олимписки игри во Токио, каде на трката на 5.000 метри заврши на четвртото место. Таа освои два бронзени медали од Светските првенства во 2017 и 2019 година на 10.000 метри.

Таа минатиот месец го сруши светскиот рекорд на 10 километри во Берлин.