Охрид има нов херој: Трајан го победи ракот за да може пак да трча маратон! (ВИДЕО)

По Марко Пејчиновски, кој со само 12 години го преплива Охридското езеро, спортот во Охрид добива нов херој – Трајан Целески-Тачо.

Станува збор за 29-годишно момче на кое во 2016 година му беше дијагностициран рак на мозокот и тоа веднаш по истрчаниот маратон на „Охрид трчаТ“ со поставен личен рекорд. Тачо не се откажал и покрај болеста, туку напротив, жестоко се борел и по низа третмани и операција во Италија успеал да извојува победа. Кулминација на неговиот триумф над ракот е фактот што тој годинава повторно ќе се појави на „Охрид трчаТ“ и тоа овој пат во трката на 5 километри.

За големата битка, спортот и животот, Целески зборува во емотивното видео кое е во прилог.