Нов македонски рекорд во скок во далечина! (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар, кој живее и тренира во Данска, Андреас Трајковски, постави нов државен рекорд во скок во далечина, со должина 7 метри и 79 сантиметри.

На атлетскиот митинг во Калитеа (Грција) Андреас Трајковски во третата серија прескокна 7.79 метри (+0.9 м/с) со што го собори досегашниот македонски рекорд, кој беше исто така во негова сопственост (7.60 м) поставен минатата година.

Андреас го освои четвртото место на митингот, зад Муарил Сришинкар од Индија, кој освои прво место со скок од 8.18 метри. Втор беше неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.