Најубавата атлетичарка трчаше во ептен провокативно издание на ЕП во Минхен (ВИДЕО)

Германската атлетичарка, Алиса Шмит, која важи за една од најубавите во овој спорт, се пласира во полуфиналето на Европското првенство (ЕП) во трката на 400 метри, на голема радост на присутните на стадионот, кои уживаа во нејзиниот настап, пред се поради провокативната опрема која повеќе откриваше отколку што покриваше.

Таа дури во финишот дојде до посакуваниот резултат пред домашната публика во Минхен, што донесе одушевување и кај режисерите на телевизискиот пренос, кои постојано се фокусираа во нејзините облини.

Шмит во јуниорска конкуренција освои сребро на младинското СП во штафетата 4Х400 метри, како и бронзен медал во истата дисциплина на ЕП за атлетичари до 23 години. Во сениорска конкуренција не остварува вака добри резултати, но секогаш е во центарот на вниманието поради својот изглед.