Меклафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

Американската атлетичарка Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд на 400 метри со пречки на националното првенство на САД. 

Таа всушност го подобри сопствениот рекорд, што го постави лани со 51,46 секунди на Олимписките игри во Токио, но синоќа истрча со време од 51,41 секунди.