
Македонка истрча 211 километри за 24 часа на маратон во Белград!
Атлетичарката го надмина претходниот рекорд од 2019 година, кој исто така беше во нејзина сопственост, но сега постави нова граница и постигна уште еден успех во кариерата.
Шиповиќ минатата година стана првата македонска атлетичарка која истрча 246 километари од Атина до Сапрта на Спартатлон во Грција за 34 часа, 36 минути и 12 секунди и го освои 102. место од 380 учесници на маратонот.
Спартатлонот, инаку, а една од најтешките ултрамаратонски трки во светот каде што трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување на истата од 36 часа.