Ел Бакали испиша историја во Париз, додека фаворитот за злато имаше тежок пад (ВИДЕО)

Мароканскиот атлетичар Софијане Ел Бакали испиша историја затоа што го одбрани златниот медал на трката на 3.000 метри со пречки, но резултатот остана во сенка поради падот на светскиот рекордер Ламека Гирма.

Ел Бакали стигна во Париз како актуелен шампион во дисциплината затоа што освои злато пред три години, но не важеше за главен фаворит, меѓутоа среќата беше на негова страна.

Мароканецот стигна до златото со време од 8:06.05, а тоа му е најдобар резултат оваа сезона и стана прв кој го одбранил златото на Олимписките игри.