Дуплантис трет пат по ред е шампион на Европа (ВИДЕО)

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис беше подобар од конкуренцијата и освои златен медал во скок со стап на Европското првенство (ЕП) во Рим.

Дуплантис до третата титула на шампионатот стигна со резултат од 6,10 метри, додека зад себе го остави Гркот Емануил Каралис со скок од 5,87 метри.

Бронзениот медал го поделија двајца атлетичари, односно Ерсу Шашма и Олег Черникел кои скокнаа 5,82 метри.

Швеѓанецот се обиде и да постави нов рекорд, меѓутоа неговиот обид да скокне 6,25 метри беше неуспешен.