
Британски атлетичар имаше огромна предност, а на крајот поради бизарна грешка остана без финале (ВИДЕО)
Имено, Одеј-Џордан пред крајот на трката го забави темпото мислејќи дека предноста која ја има му е доволна, но на крајот заврши како четврти.
Четвртото место значеше и елиминација за Британецот кој трката ја заврши со време од 22.12 секунди.
„Моја грешка, не можам да бидам лут на никој друг освен на самиот себе. Се чувствував добро и можев да истрчам и под 21 секунда, но погрешив“, изјави Одеј-Џордан по трката.
Финалето на У-18 атлетското првенство во Словачка така ќе помине без фаворизираниот спринтер на 200 метри. Пред само еден месец делницата од 200 метри британскиот атлетичар ја истрча за 20.55 секунди.