Атлетичар од Уганда победник на маратонската трка на СП во Будимпешта!

Угандскиот атлетичар, Виктор Киплангат, го освои златниот медал во маратонска трка на Светското првенство што се одржува во Будимпешта, откако патеката ја 2:08:53 часа.

Со ова, тој додаде уште еден сјаен медал во својата колекција, по оној од Игрите на Комонвелтот.

„Кога стигнав до 30-тиот километар се чувствував силен и решив да додадам гас. Имав многу енергија и тоа ми овозможи да наметнам темпо кое знаев дека ќе го издржам, а кое се покажа пресилно за ривалите“, изјави Киплангат

Со одличен финиш, сребрениот медал му припадна на Израелецот Мар Тефери (2:09:12), додека бронзата ја освои Леул Гебресиласе со само седум секунди задоцнување во однос на ривалот.