Салах по караницата со Клоп: Ако кажам нешто, ќе има пожар!

Ливерпул освои бод на гостувањето кај Вест хем (2-2) во 35. коло од англиската Премиерлига, а во завршницата на мечот се скараа Мохамед Салах и Јирген Клоп.

Салах даде кратка изјава по натпреварот во Лондон и кажа дека е најдобро ништо да не зборува пред новинарите.

„Ако кажам нешто, ќе има пожар“, кажа Салах, по што Клоп додаде дека веќе зборувале во соблекувалната за инцидентот.

Ливерпул остана на третата позиција во првенството со 75 бодови, односно два бода помалку од лидерот Арсенал.