Поранешен шампион во НБА осуден на 40-месечна затворска казна!

Бившиот кошаркар Глеј Дејвис, познат како „Големото бебе“, беше осуден од страна на судот на 40-месечна затворска казна поради поднесување на лажни медицински извештаи.

Американските медиуми пишуваат дека Дејвис во ноември бил прогласен за виновен за измама со здравствено осигурување и давање лажни изјави, а поради тоа му се закануваше затворска казна до 20 години.

Властите соопштија дека Дејвис заедно со уште неколку лица извршиле измама со план за осигурување на игрчаи во НБА-лигата и членови на семејствата од над пет милиони долари во шема која траела најмалку четири години.