Ново чудо во Леверкузен: Баер и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа
Рома постигна два гола преку Паредес во 43. и 66. минута и беше на праг да избори продолженија во Леверкузен, откако Баер го доби првиот меч со 2-0 во Рим, меѓутоа во завршницата „фармацевтите“ се спасија од пораз.
Манчини си постигна автогол во 82. минута и тоа му даде мотивација на Баер да тргне по втор погодок, кој го постигна во седмата минута од судиското надополнување преку Станишиќ.
Аталанта немаше милост кон Марсеј, а головите за победа ги постигнаа Лукман, Ругери и Туре за пласман во финале на Лига Европа.
Мечот за пехарот е закажан за 22 мај од 21 часот.