Италија ја изненади Црна Гора, а Португалија ја декласира Босна и Херцеговина

Ракометарите на Италија вечерва одиграа одличен меч против Црна Гора и триумфираа со 32-26 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Италија тргна добро во мечот и водеше со 3-0, но Црна Гора се созема и направи пресврт (8-7), но тоа кратко траеше бидејќи домаќинот ја врати предност и ја зачува до крајот на првото полувреме (16-15).

Голема битка се водеше и во второто полувреме, а Италија конечно го скрши отпорот на Црна Гора во завршницата кога во еден момент поведе со осум голови разлика (31-23), но до крајот на мечот се намали разликата на шест гола (32-26).

Бронзо со 13 погодоци беше незапирлив од редовите на Италија, додека Калуџеровиќ постигна седум гола за Црна Гора.

Португалија денеска беше пресилна за Босна и Херцеговина и ја совлада со 29-19.