Каратистката Мишовска со четири победи по ред ќе се бори за златото на ЕП во Задар!
Таа почна со триумфи над Ерминија Пефето (Италија), Маријама Васадзе (Грузија) и Корал Амос (Израел) во групната фаза, по што во полуфиналето беше подобра од Стилијани-Елени Цилија (Грција). Нејзина противничка во битката за златниот медал ќе биде домашната натпреварувачка Ема Сгардели.
Шанса да дојде до медал има и Петар Заборски, кој утре ќе има пресметка за бронзата против Тијаго Дуеарте (Португалија).