Надал по тричасовен маратон и пресврт ја мина првата пречка во Рим!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, се пласиран во второто коло од мастерсот од Рим, откако по голема борба и маратон од три часа со пресврт го совлада Зизу Бергс (3-6, 6-3, 6-4).

Шпанецот го загуби првиот сет, по што мечот беше во мал прекин поради инцидент кога му се слоши на еден гледач на трибините. Паузата добро му дојде на Надал, па брзо се врати во ритам и го доби вториот сет, а потоа во решавачкиот сет со еден брејк доволен за триумф.

Надал во следната рунда во Рим ќе игра со полскиот ас Хуберт Хуркач.