Олимпијакос ја елиминира Астон вила и ќе игра финале во Конференциската лига

Грчкиот тим Олимпијакос по вторпат ја совлада Астон вила (2-0) во полуфиналето на Конференциската лига и си закажа меч за титула против Фиорентина.

Ел Кааби по само 10 минути го шокира гостите од Бирмингем и донесе водство од 1-0 на Олимпијакос, по што Астон вила тргна по израмнување, но не ги реализира своите шанси.

Казната пристигна во 79. минута кога Ел Кааби повторно стрелаше за триумф од 2-0 на Олимпијакос.

Финалето во Конференциската лига се игра на 29 мај од 21 часот.