„Бомба“ од Рим: Де Роси добива засилување од Јувентус

Рома игра одлично под водство на Даниеле Де Роси и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во топ-4 во Серија А, но и за титулата во Лига Европа, а раководството на клубот веќе мисли и на новата сезона.

„Тутоспорт“ објави дека Рома би можела да добие засилување од Јувентус, а станува збор за Федерико Кјеза.

Кјеза има договор со „Старата дама“ до јуни 2025 година, но клубот ќе разговара со неговиот менаџер во следниот период, а воедно очекува и понуди од заинтересираните тимови, меѓу кои е и Рома.

Италијанскиот репрезентативец оваа сезона настапи на 29 меча за калчолигашот и постигна осум голови и две асистенции.