Ал Келаифи се расфрла со пари - 55 милиони евра за бразилски тинејџер

Францускиот шампион ПСЖ се подготвува за летниот преоден рок во кој ќе потроши многу пари за засилувања, а претседателот на клубот Насер Ал Келаифи веќе има неколку желби.

Еден од фудбалерите кои му го привлекоа вниманието на Ал Келаифи е 18-годишниот Луис Гилерме од Палмеираш, кој ќе чини околу 55 милиони евра.

Бразилецот досга настапи на 38 меча за екипата, но постигна само еден гол, иако импресионира со неговата техника.