Ѓорческа по голема борба остана без финале во двојки на турнирот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Романката Кристина Андреа Миту беа проазени со 1-2 во сетови од Вероника Ерјавец и Доминика Салкова во полуфиналето на турнирот во Копер.

Ерјавец и Салкова беа подобри во првиот сет од Ѓорческа и Миту со 6-2, но потоа македонската тенисерка и нејзината колешка заиграа подобро и го освоија вториот сет со 7-6 (7-4).

Во третиот сет се водеше голема битка, а на крајот победата им припадна на Ерјавец и Салкова со 10-7.