Најлуд начин да одбраниш пенал (ВИДЕО)

Шпанскиот голман Алваро Хименез, кој брани за бившиот прволигаш Расинг Сантандер го имаше најлудиот начин да одбрани пенал против Атлетико Перинеса. Хименез клекна на колена пред противничкиот фудбалер да шутира од белата точка, па го збуни... Кога фудбалерот тргна да шутира, овој скокна на нозе, па му го одбрани пеналот.