Најдобрите 100 поени во кариерата на големиот Роџер Федерер (ВИДЕО)

Еден од великаните на светскиот тенис, некогашен број еден и освојувач на 20 гренслем трофеи, Роџер Федерер денеска дека заминува во пензија после дведецениска кариера, а настапот на Лејвер-купот ќе му биде последен во неговата професионална кариера.

Федерер заедно со Рафаел Надал и Новаќ Ѓоковиќ создадоа една величенствена и веројатно недостижна ера во која тројцата заедно имаат 63 гренслем трофеи (Надал – 22, Ѓоковиќ – 21). Ова се стоте најдобри поени во кариерата на Швајцарецот, кој ќе остане запаметен по грациозноста во својата игра.