Комедија од бокс: Прво „се галеа“, па за неколку удари судиите „свирнаа“ технички нокаут! (ВИДЕО)

Вакво нешто нема ни во најголемите филмски комедии и пародии, а боксерскиот дуел помеѓи Иштван Бернат и Дион Хејл е најголемиот циркус што се случил во рингот во историјата.

Најбизарната борба која не понуди ама баш ништо, на крај заврши со технички нокаут – за ништо! Двајцата боксери прво „се галеа“, па си удрија по некој бокс, за на крај Бернат да зададе неколку удари, ама далеку од тоа дека го турна противникот барем во нокдаун, за судиите да го прекинат мечот за технички нокаут.