Браќата на Комити ја имаат најоригиналната кореографија во историјата! (ВИДЕО)

Ултрасите на германскиот бундеслигаш Шалке, „Ултрас Гелзенкирхен“, браќата на најверните навивачи на Вардар, Комити ја имаат најоригиналната кореографија во историјата, која го воодушеви целиот навивачки свет.

УГЕ на трибината истакнаа џиновско знаме со дресот на Шалке, кој потоа „магично“ го обоија од бел во син, па поставија нов стандард кога се во прашање навивачките кореографии на тифо сцената.

Кореографијата ја направија вчера на мечот со Фрајбург на својот стадион.