Урнебесно: Кога Србин им држи лекција на ракометари во С. Арабија на англиско-српски! (ВИДЕО)

Ракометниот тренер се вика Бошко Јоловиќ, работи во Саудиска Арабија и после очајна партија на неговите избраници, реши да ги „подбере“ во соблекувалната за да им објасни некои работи.

Пола српски, пола англиски, со урнебесни движења, се обиде да им каже сѐ што сака, а дали играчите го разбраа е друго прашање. Ама, едноминутното видео ќе ве натера да се смеете до солзи.