
Србија ја надигра Шпанија, но остана без место на СП 2025
Србија во првото полувреме ја имаше посакуваната предност од четири голови, а водството достигна и шест гола во вториот дел (21-15), меѓутоа шпанските ракометари влегоа во одличен ритам и избегнаа црно сценарио во завршницата.
Најефикасен во редовите на Србија беше Вања Илиќ со шест голови, додека Алекс Гомез погоди пет пати за Шпанија.
Место на СП 2025 преку баражот обезбедија и селекциите на Унгарија, Португалија, Италија и Полска.