Со цепелин во последна Димитриоски секунда го спаси Ваљадолид од пораз (ВИДЕО)

Димитар Димитриоски е јунакот на Ваљадолид во 11. коло од шпанската АСОБАЛ лига во ракомет, бидејќи постигна гол со кој неговиот Ваљадолид остана непоразен на гостувањето кај Анаитасуна.

Конечниот резултат е 29-29, но само затоа што Димитриоски успеа да погоди и тоа од цепелин од крило, на додавање на Мендес. Анаитасуна водеше со 17-15 на паузата, а имаше предност и, речиси, цело второ полувреме, најмногу со плус три.

Со овој бод, Ваљадолид има девет, на десеттото место, а Анаитасуна со еден помалку е 12-та. Димитриоски дојде во шпансккиот тим од Еурофарм Пелистер 2, а таму од порано настапуваше бекот Дарко Димитревски.