Поранешниот клуб на Талески покажа како ќе изгледа ракометот во иднина (ФОТО)

Во Германија веќе почнаа да експериментираат како би можел да се игра ракомет по пандемјата на коронавирус.

Пред една недела на терен излегоа и ракометарите на Рајн Некар Левен. Популарните „лавови“ тренираа во согласност со донесените мерки кои налагаат задолжителна дистанца.

Добро е да ја почувствуваме топката повторно. Вистински ракомет немаме почувствувано шест недели, а како да поминаа шест месеци, истакна Енди Шимд.

Германскиот клуб објави неколку фотографии од тренинзите, а ракометарите тренираа со маски на лицето и минималното растојание од 1.5 метар.

Инаку, поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Филип Талески, ракометарите ги подели во три групи, едни се на терен, други во теретана, додека трети прават анализа. Сесиите траат по половина час по најизменично се менуваат.

Инаку, стартот на новата ракометна сезона во Германија е закажан за почетокот на септември.