„Нема смисла да се одржуваат Олимписките игри под вакви услови“

Ракометарите на Данска не го кријат своето незадоволство поради одржување на Олимписките игри (ОИ) во Токио, а причина за тоа е пандемијата на ковид-19.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен кажа дека не може да разбере како Јапонија се согласила да ги организира игрите под вакви услови.

„Морам да кажам дека не разбирам зошто игрите се одржуваат под вакви услови. имам впечаток дека ова се прави само за луѓето надвор од спортот, а на штета на спортистите. Условите требаше да бидат многу подобри од овие кои ги имаме во моментов“, кажа тренерот.

Данска ќе игра на турнирот во група со Португалија, Јапонија, Египет, Бахреин и Шведска.